• macedonian

τελευταία επεξεργασία May 3, 2008 από anro

english spanish french german swedish ελληνικά macedonian bulgarian italian romanian slovenian portuguese hungarian turkish serbocroatian russian

Народна глобална акција

PGA – Peoples' Global Action (Народна глобална акција) – започна во 1998, како алатка и структура за соединување и координирање на групи и луѓе кои ги делат заедничките борби и практики, според разновидни анти-капиталистички и анти-авторитарни принципи (види ги начелата). PGA го иницира Интернционалниот караван во 1999, како и интернационалните денови на акции против G8, Советот за надворешни односи СНО, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд ММФ... Во Сиетл, Џенова, Прага, и во бројни помалку популарни настани, PGA беше движечката сила позади бројни акции и рефлексии. На средбите на интернационалите иницијативи и локални борби, групите блиски на PGA сега бараат нови настани за да се спротивстават на стагнацијата.


Начела на PGA:



· Многу јасно отфрлање на: капитализмот, империјализмот, феудализмот,

сите трговски спогодби, институциите и владите кои ја подржуваат

деструктивната глобализација.


· Одбиваме секаква форма и системи на доминација и дискриминација,

вклучувајќи (но не ограничувајќи се на) патријархат, расизам и верски

фундаментализам од секаков вид. Се залагаме за потполно достоинство на секое

човечко суштество.


· Спротивставен став, со оглед на тоа дека сметаме лобирањето не може да

има голем ефект врз недемократските организации полни со предрасуди, чијашто

единствена управувачка политика е транснационалниот капитал.


· Повик за директна акција и граѓанска непослушност, подршка на борбите

за општествените движења, пропагирајќи заштитнички форми на отпор кои ја

максимизираат почитта кон животот и погазените човекови права, како и за

создавање на локални алтернативи на глобалниот капитализам.


· Философија на организирање која се базира на децентрализација и

автономија. PGA е само инструмент за координација, а не е

организација. PGAнема членови, нема, а и нема да има некого на чело.

Ниедна

организација или личност не ја претставува PGA.


Петтиот собир на Народната глобална акција во Европа – Атина 20-ти/27-ми Август